Дефинитивно е до болидот, замената на Хамилтон најбрз на слободните тренинзи

Британецот Џорџ Расел имаше најдобри времиња на двата слободни тренинзи кои денеска се возеа на патеката во Бахреин, за таканаречената Голема награда на Сахир. Расел го водеше болидот на Мерцедес со бројот 63, како замена за сонародникот Луис Хамилтон кој е во изолација бидејќи е позитивен на Ковид-19.

Светскиот првак не може да настапи викендов, па Расел кој вози за Вилијамс, го заменува, и тоа сосема успешно. Ова денеска потврди дека кој веројатно и да седне во болидот на Хамилтон, би бил најдобар. Расел беше подобар од Валтери Ботас кој истотака вози болид на Мерцедес, па интересно ќе биде да се види утре кој ќе биде подобар на официјалните квалификации за пол-позицијата. Треба да се знае и дека на слободните тренинзи се возеше по скратена патека, а утре ќе се вози низ целата должина на Сахир.

Возачите на Мерцедес изгледа може да ги загрози само Макс Ферстапен од Ред Бул, кој на двете денешни сесии беше втор.

- Оглас -

Најнови вести