Дефинитивно најбизарен фаул годинава, што ли сакаше да направи голманот? (Видео)

Неверојатен потег направи голманот на мексикански Тигрес, Науел Гузман, кој имаше и многу среќа што судијата не досуди пенал и не му покажа црвен или барем жолт картон. Гузман ја прифати топката и сакаше да ја шутне далеку напред, но пред него беше противничкиот играч Едуардо Агире, кој му даде два гола за водство на Сантос Лагуна од 2-1.

Наместо да оди малку лево или десно и да си направи простор за дегажман, голманот Гузман од позади го удри Агире, а за да ја прикрие работата, и тој самиот падна на тревата со намера да одглуми дека е удрен.

Фановите го обвинуваат судијата што не досудил пенал и картон за глупавиот потег на голманот.

Погледнете го најбизарниот фаул кој е виден во последно време на фудбалските терени:

- Оглас -

Најнови вести