Португалците го објавија списокот: Кристијано Роналдо ќе игра и на шести Мундијал (Фото)

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, го објави конечниот список на фудбалери за настап на Светското првенство.

Кристијано Роналдо повторно е дел од тимот на Португалија, ова за него ќе биде шесто Светско првенство во кариерата, со што ќе стане рекордер заедно со Лионел Меси и Лука Модриќ.

Португалија на претстојниот Мундијал ќе игра во групата „К“, а сите натпревари од оваа група ќе се играат на стадиони во САД.

Борба за пласман во нокаут-фазата ќе водат против Узбекистан, ДР Конго и Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести