ДЕФИНИТИВНО: Вечерва нема фудбал на „Ла Бомбоњера“! (Видео)

Натпреварот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата кој целиот фудбалски свет го чекаше и кој требаше да почне во 21 часот, нема да се игра денеска. Ваква е одлуката на фудбалската асоцијација на Јужна Америка по консултации со судиите кои се уверија дека на теренот на „Ла Бомбоњера“ нема нормални услови за играње.

https://twitter.com/i/status/1061322693247725568

Силниот дожд (95 милилитри на метар квадратен) кој што наврна на неколку часа пред почетокот на аргентинското Суперкласико (од 1 јануари наваму, во Бунос Аирес имало вкупно 90 милилитри), создаде хаос, и одложувањето беше логично. Поплавен е теренот, како и трибините.

Домашниот клуб инсистираше да се игра вечерва, макар и со два часа задоцнување, но дренажата на теренот не ја собра целата вода. Ова е добра вест за Ривер, бидејќи ако првиот меч се игра наредната сабота, ќе може да смета на Понсио и Скоко кои се повредени.

Според последните информации, првиот меч од финалето сепак нема да се игра другата сабота, туку утре во 20 часот по македонско време, се разбира, ако дозволат временските услови.

- Оглас -

Најнови вести