Дејан Георгиевски се врати во Македонија, еуфорија на Меѓународниот аеродром Скопје (Видео+Фото)

Сребрениот медал од ЛОИ во Токио пристигна во Скопје на градите на таеквондистот Дејан Георгиевски. Дејан се врати дома како голем херој, на аеродромот му беше приреден пречек од многу луѓе со знамиња. Среброто има златен сјај, а останува надежта дека за три месеци на Светското првенство, членот на клубот Бутел ќе му се реваншира на Русинот Ларин, од кого го загуби финалето.

Од 19.30 часот ќе има прослава пред „Порта Македонија“ на скопскиот плоштад.

 

- Оглас -

Најнови вести