Дејан со среброто од Токио доаѓа утре, ќе има славје пред „Порта Македонија“ во Скопје (Видео)

Македонскиот освојувач на сребрен медал од Олимписките игри утре се враќа во Скопје. Дејан Георгиевски, кој се закити со сребро во таеквондо во категоријата над 80 килограми, утре на аеродромот во Скопје треба да слета во 14.30 часот, а во 19.30 часот ќе има заедничка прослава пред „Порта Македонија“ на плоштадот.

„Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и кон мојот тим. Од Олимписките игри носам сребрен медал со златен сјај. Утре, четврток, ве повикувам кај  „Порта Македонија“ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех“, рече Георгиевски во видеообраќањето од Токио.

Повикот на Дејан може да ги видите ТУКА.
- Оглас -

Најнови вести