Кристал палас не ја започна сезоната во Премиер лигата како што се очекуваше, што може многу брзо да доведе до смена на менаџерот Оливер Гласнер. Има веќе подготвен кандидат за неговата позиција.
Кристал палас влезе во тековната сезона со големи амбиции, но по седум одиграни кола, има освоено само три бода и се наоѓа во зоната за испаѓање. Гласнер ја презеде екипата минатата сезона и успеа да го подобри тимот, но падот во формата оваа година може да резултира со негово отпуштање.
Дејвид Мојс е потенцијалниот наследник на Гласнер. Искусниот тренер е познат по тоа што знае да ги извлече тимовите од опасни ситуации, а Кристал палас сега се наоѓа токму во таква ситуација.
Мојс најмногу се прослави како менаџер на Евертон, каде што помина 11 години. Потоа имаше неславни периоди во Манчестер јунајтед и во Реал Сосиедад, како и во Сандерленд. Сепак, неговиот најголем успех дојде со Вест хем, каде што во два мандати успеа да го обезбеди опстанокот на клубот и го водеше тимот до трофеј во Конференциската лига, како и до полуфинале во Лигата на Европа.