Деклан Рајс е под истрага, може да биде суспендиран за реваншот со Атлетико

Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, би можел да биде суспендиран од УЕФА поради неговото однесување по првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. 

Фудбалерот на англискиот клуб ја критикуваше работата на главниот судија Дени Макели. Рајс беше крајно незадоволен од постапките на судијата, обвинувајќи го дека ја променил својата одлука поради притисок од навивачите на шпанскиот клуб. УЕФА не беше задоволна од однесувањето на играчот на Топчиите. Дисциплинската комисија ќе го разгледа извештајот на Макели и ќе одлучи дали коментарите на Рајс фрлаат сомнеж врз интегритетот на судијата. Деклан се соочува со суспензија за реваншот.

Во 2022 година, кога англискиот играч од средниот ред уште играше за Вест Хем, суспензија од два натпревари поради неговите коментари упатени кон судијата на натпреварот против Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести