Деклан Рајс: “Очекувам непријателска атмосфера од македонските навивачи“

На официјалната прес-конференција пред натпреварот Македонија – Англија, зборуваше и англискиот репрезентативец, Деклан Рајс. Слично како и селекторот, и тој очекува победа на утрешниот дуел, но и непријателска атмосфера од трибините.

– “Иако ги победивме 7:0 во Манчестер, Македонија има добар тим со квалитетни поединци. Утревечер ќе мора да бидеме ментално и физички подготвени. Очекувам да имаме и непријателска атмосфера од трибините, но наша цел е да победиме и да ја завршиме годината со триумф. Следните мечеви кои се пред нас ќе бидат подготовка за настап на Европското првенство во Германија.“ – вели репрезентативецот на Англија, Деклан Рајс.

- Оглас -

Најнови вести