Деко го избра наследникот на Чави, нов тренер на Барселона треба да биде Португалец

Со одлуката од минатиот викенд на Чави Ернандес да си замине од клупата на Барселона по завршување на сезоната, управата веднаш тргна во потрага по негов наследник, и во „океанот“ од нови тренери, викендов исплива ново име.

Медиумите цела седмица шпекулираат со тоа кој ќе ја предводи Барселона следната сезона, се споменуваа тренерот на Жирона, Мичел, со Луис Енрике, со Ханси Флик, а денеска Радио Каталонија објави дека спортскиот директор Деко е пред договор со актуелниот тренер на Порто, Сержо Консеисао.

Според радиото, Деко веќе имал разговор со Консеисао кој наводно испратил позитивни сигнали и сега Португалецот е главен фаворит да го наследи Чави.

Сержо Консеисао од 2017 година седи на клупата на Порто и остварува одлични резултати. Со Порто освои три шампионски титули, а трипати триумфираше и во португалскиот Куп и Суперкуп, а еднаш го крена и трофејот во Лига Купот. Консеисао исто така трипати беше прогласуван за тренер на годината во Португалија.

- Оглас -

Најнови вести