Дел од клубовите се тешки и да се изговорат, но добивките се слатки и се над 100.000 денари

Среќата може да ви се насмевне и со минимални 20 денари, а доказ за тоа се двата вчерашни тикети уплатени во Sport Life. Обложувач од Битола решил да си ја проба среќата и наредил осум натпревари, а на крајот точните прогнози му донесоа 108.574 денари.

Нема звучни клубови меѓу клубовите кои се на тикетот, но тоа е само доказ дека не мора да бидат атрактивни мечеви за да заработите многу пари. Мечеви од Финска, Унгарија, Серија Б и пријателски средби се на добитниот тикет. Хака дома загуби од ХИФК со 0-2, за 2&0-4, додека КПВ лесно со 4:0 го победи СЈК Акатемија, а во првото полувреме беа постигнати дури три гола.

Погодени се дури четири „икса“. Два нерешени дуели се во Унгарија и тоа Ѓер – Капошвар (1:1) и Халадаш – Солнок (1:1). Со ист резултат заврши и пријателскиот меч Роде – Вилефранс, додека Читадела – Фрозиноне беше 2:2 по 90 минути игра. Лесни беа победите на домашен терен на Ајка против Казинчбарчика (3:1) и Ниреѓихаза – Печи (2:0) за убава добивка на која има и бонус од преку 8.000 денари од акциската понуда „Лето на 500 %“.

ДА НЕ БЕА ДВЕТЕ УТКИ ДОБИВКАТА ЌЕ БЕШЕ МИЛИОНСКА

Во Охрид има одличен системски тикет. Со уплата од 256 денари на систем 3/5 и 3/5, добивката е 191.552 денари. Од напишаните 14 натпревари, промашени се само два. Шатобријан го победи вториот тим на Нант со 3:0, а прогнозата било за триумф на Нант со два дадени гола, што не се случи.

Неуспешно било „бркањето“ на изненадување на дуелот Подбескиѕје и Хутник Краков. Домаќините лесно победија 2:0, а прогнозата било да е Х2. И покрај овие две промашени, добивката која ќе била милионска ако биле погодени сите натпревари, никако не се за потценување и добиените 191.552 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести