Дел Пјеро: Додека гледав Италија – Австрија, ослабев 2 килограми

Поранешната италијанска фудбалска ѕвезда Алесандро дел Пјеро изјави дека Аѕурите му направиле голем стрес додека го гледал мечот против Австрија. Бившиот напаѓач на Јувентус е задоволен од победата, за која мисли дека може позитивно да влијание врз тимот на селекторот Роберто Манчини во продолжението од Европското првенство.

„Среќен сум, се пласиравме во четвртфиналето. Мислам дека секој од нас загуби по два килограми поради притисокот и стресот од средбата“, рече Дел Пјеро.

Италијанците во четвртфиналето имаат тежок меч, против Белгија или Португалија, но Дел Пјеро верува во успех.

„Очекував тежок меч со Австрија, но тие изненадија. Среќа што им го поништија голот, таков вид на страв може да се претвори во позитивно нешто. Важно беше што имаме резерви кои може да направат разлика“, додаде популарниот Алекс.

- Оглас -

Најнови вести