Дел Пјеро откри кога бил најмногу пијан во животот

Алесандро дел Пјеро, еден од најдобрите напаѓачи во италијанската репрезентација и некогашна ѕвезда на Јувентус, во кариерата освои многу значајни трофеи. Покрај многуте успеси, Дел Пјеро вели дека засекогаш ќе ја памти титулата на Светското првенство во 2006 година.

„По која победа сум бил најмногу пијан? По освоојувањето на Светското првенство во 2006 година.Тоа беше најлудата забава“, откри некогашниот голгетер.

Дел Пјеро играше за Јувентус во периодот од 1993 до 2012 година, кога во 705 меча даде 290 голови за Старата дама. Тој во кариерата има освоено 18 големи трофеи.

- Оглас -

Најнови вести