Деле Али се запиша во историјата на Тотенхем

Тотенхем со гол од пенал се спаси од пораз на гостувањето кај Барнли и одигра 1-1. Ова беше 100-ти првенствен меѓусебен дуел на овие два клуба, а разликата меѓу нив е само два бода.

Стрелец на голот за лондонските Петли беше Дел Али, кој стана седми фудбалер кој постигнал 50 гола во дресот на Тотенхем, а втор најмлад после Хари Кејн на кого му пошло тоа од рака. Деле Али има 23 години и 331 дена.

Многумина мислат дека Тотенхем игра слабо и со Жозе Мурињо на клупата, но популарните Спарси од доаѓањето на Специјалниот наваму, се трети тим во Премиерлигата по број на бодови, зад Ливерпул и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести