Делф е баксузот на англискиот првак – Шестпати беше стартер, Сити петпати загуби

Фабијан Делф повторно беше член на почетната постава на Манчестер сити, а популарните „граѓани“ пак загубија. Вчеравечер Тотенхем беше подобар и славеше со 1-0 во англиската пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Пораз како пораз, ништо страшно, особено што Сити ќе има шанса за реванш на 17 април, но тоа што му се случува на Делф е многу невообичаено.

Левиот бек на шампионот од Манчестер сезонава во сите конкуренции само шестпати беше стартер и со него во тимот забележани се дури 5 порази.

Лион, Челзи, Кристал палас, Лестер и сега Тотенхем го победуваа Манчестер сити со Делф во првата постава, а само со Њукасл не играше, а и тогаш „граѓаните“ беа поразени со 2-1 на гостински терен.

Сега ќе биде интересно да се види дали Пеп Гвардиола ќе биде суеверен и ќе го вклучи во стартниот состав Делф за реваншот со Тотенхем, во меч што ќе даде еден полуфиналист од Англија.

- Оглас -

Најнови вести