Делиите бојкотираат, но не и против Галатасарај

Навивачката група Делии ќе се појави на трибините за наредниот натпревар на Црвена ѕвезда во кошаркарскиот Еврокуп, а тоа е на 30-ти октомври против Галатасарај. „Првата екипа“ на Делиите ќе го прекине бојкотот само за овој меч, потоа повторно нема да навива.

Поддршката од Делиите за Ѕвезда ја нема од 26-ти јануари, кога на дуелот со Олимпијакос, во дресот на тимот дебитираше Ален Омиќ. Најекстремните фанови го навредуваа муслиманот Омиќ и решија да бојкотираат, но бојкотот ќе биде привремено прекинат.

Во вторник, на 30-ти октомври, во „Пионир“ ќе гостува Галатасарај, клубот чиј поддржувач го уби српскиот навивач Марко Ивковиќ во Истанбул во 2014 година, пред мечот меѓу Галата и Ѕвезда. Побарано е од сите што ќе дојдат во сала, да облечат маичка со ликот на Ивковиќ.

- Оглас -

Најнови вести