Делириум каков што сакаат да доживеат сите фудбалери, но и навивачите (Видео)

Вистинско навивачко лудило се случи по завршување на дуелот меѓу Самсунспор и Кечиоренѓуџу, кој заврши со победа на домаќините од 4:1. Со оваа победа, Самсунспор си обезбеди враќање во турската Супер лига, и тоа по пауза од 11 години.

На две кола до крајот од Прва турска лига, Самсунспор има недостижна предност во однос на ривалите и од следната година ќе игра во најсилната лига во оваа земја. По завршување на дуелот, на којшто победија со 4:1, на трибините од стадионот се случи вистински делириум.

Навивачите се радуваа, а голем дел од нив успеаја да втрчаат на теренот во обид да стигнат до сувенир од своите миленици (дрес, маица, шортц…).

Самсунспор повеќе од 30 години има поминато во елитното друштво, но во последните неколку години беше во криза, па пред пет години овој тим беше дури и во Третата лига. Сега дојде време навивачите да се израдуваат и тоа го направија на уникатен начин.

https://twitter.com/i/status/1650116353519435778

- Оглас -

Најнови вести