Килијан Мбапе ја воодушеви француската, па и пошироката јавност со голот со кој синоќа му донесе победа од 1-0 на ПСЖ на гостувањето кај Сент Етјен, но еден друг француски фудбалер потсети дека и тој даде речиси ист таков гол пред шест години.
Искусниот Демба Ба, кој е некогашен член на Њукасл и Челзи, во дресот на „сините“ од Лондон во 2013 година погоди со волеј за победа во дербито од ФА купот против Манчестер јунајтед. Челзи и Јунајтед и вечерва имаат меѓусебен дуел од ФА купот во Англија.
„Си помислив, олала, каква копија“, напиша Ба.
Погледнете ги двата гола и проценете кој е поубав, дали тој на Мбапе или на Демба Ба:
https://www.youtube.com/watch?v=FBDlBRr29zo