Дембеле со гол и две асистенции за 11 минути, го уништи тимот на својот поранешен тренер

Барселона ги задоволува своите навивачи, бидејќи после само 22 минути имаше водство од 3-0 против Атлетик Билбао.

Головите паднаа во периодот од 12-та до 23-та минута, а стрелци беа Дембеле, Серџи Роберто и Левандовски. Дембеле првпат откако е во Барселона даде гол со глава, а потоа имаше и две асистенции.

Тренер на Атлетик е Ернесто Валверде, кој ја водеше Барса во периодот од 2017 до 2020 година.

Инаку, традицијата покажува дека најпознатите баскиски клубови Атлетик и Реал Сосиедад, заедно на последните 46 гостувања на „Камп Ноу“ немаат ниту една победа (41 пораз и пет нерешени). Билбао пред 37 години последен пат си заминал од Барселона без примен гол.

- Оглас -

Најнови вести