Ден после преселбата во Далас, Порзингис доби лоши вести

Иако сите со нетрпение чекаат да го видат новото дуо на Далас, Дончиќ – Порзингис на паркетот, љубителите на најсилната кошаркарска лига ќе мора да се стрпат до следната сезона. Само еден ден откако Кристапс Порзингис го смени дресот на Њујорк никс со оној на Маверикс, летонскиот џин доби лоши вести.

Порзингис ќе мора до крајот на сезоната да паузира бидејќи и натаму се опоравува од тешката повреда на коленото со која се здоби пред една година. Крилниот центар се нема појавено на терените од шести февруари 2018 година, а НБА фановите, особено оние на Далас, со нетрпение ќе чекаат да заврши оваа сезона и да започне новата.

Иако беше најавено дека би можело да заигра пред крајот на регуларниот дел од сезоната, на Порзингис му е препорачано да се фокусира на закрепнувањето, па на лето ќе има доволно време да ја врати физичката форма.

 

- Оглас -

Најнови вести