По немилите сцени во Шампионат лигата, каде што на градското дерби меѓу Бирмингам и Астон вила на терен влета навивач и со тупаница го удри капитенот на гостите Џек Грилиш, слична ситуација се случи и во премиерлигашкото дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Откако домаќините поведоа со 2-0 по реализираниот пенал на Обамејанг во 72-та минута, навивач на Арсенал им побегна на редарите и влета на терен. Тој се упати кон домашните играчи да го прослави голот, а на поминување го турна Крис Смолинг.
https://twitter.com/SkySportsPL/status/1104806145347198977