Ден за максимални договори во НБА: Мичел и Тејтум добиваат по 195 милиони долари

Најупатениот новинар во САД за НБА-лигата, Адријан Војнаровски, ги потврди следните два големи потписи во лигата.

Донован Мичел останува во Јута џез по остварена согласност за петгодишен договор вреден 195 милиони долари. Одличниот плејмејкер добива максимален договор со оглед на тоа што е прва ѕвезда на екипата. Минатата сезона ја заврши со 24 поени и 3,5 асистенции по натпревар, а особено се истакна во плејоф-серијата против Денвер нагетс, во која Џезерите сепак беа елиминирани.

Идентичен договор со вредност од 195 милиони долари потпиша и Џејсон Тејтум со Бостон селтикс.

Келтите ја активираа максимална парична гаранција за еден од најдобрите кошаркари во моментов, кој минатата сезона во просек бележеше со 23,4 поени и 7 скока по натпревар, додека со Бостон стигна до конференциското финале во кое славеше Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести