Ден за опуштање, Фалангата денеска ќе ги окупира убавите спа центри во Дебрецин и околината

После разочарувачкиот пораз од Црна Гора и плукањето кое го добија од Црногорецот Марко Ласица, денеска македонските навивачи ќе имаат време за опуштање и собирање сили пред третиот меч со Данска, кога истотака имаат намера на нашите ракометари да им даваат голема поддршка.

Во Дебрецин и околината, има голем број на убави спа центри и аква паркови, па голем број фанови денеска и организирано ќе се упатат таму. Некои веројатно ќе ги „нападнат“ трговските центри, но мнозинството ќе ги користи благодетите на термалните води и базените.

 

- Оглас -

Најнови вести