Ракометарите надиграни од Црна Гора, се разминаа со втората фаза во Будимпешта

После поразот од Црна Гора од 24-28, македонската ракометна репрезентација ги загуби шансите за пласман во следната фаза на Европското првенство.

После прилилно израмнетото прво полувреме во кое Македонија губеше цело време, македонскиот тим даде само два гола во првите десет минути од второто полувреме, па после нерешените 17-17, се најдовме во негатива од 18-21.

Во средина на вторите 30 минути, Македонија имаше дадено скромни 20 голови, само четири дотогаш во второто полувреме. Дури и со двајца играчи повеќе на терен не дававме гол, и во такви околности, победата беше далеку. Времето беше сојузник на Црногорците, тие играа многу послободно, и ги замолкнаа нашите фанови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести