Ден за реми во Бундеслигата

Шалке 04 и Аугсбург со реми без голови најавија ден без многу возбудувања во Бундеслигата, а нерешено, но со по еден гол на двете страни одиграа Фрајбург и Фортуна Диселдорф.

Шалке со ремито го освои бодот што му беше неопходен за опстанок, а мечот меѓу Фрајбург и Фортуна немаше посебно значење и за двете екипи, кои претходно обебзедија настап во Бундеслигата и за следната сезона.

Грифо од пенал во 9. минута им донесе предност на домаќините, кои подоцна се спасуваа од пораз, бидејќи играа со фудбалер помалку во второто полувреме.

Во 31. минута Ковначки израмни на 1:1, гостите се обидоа да ја искористат предноста од играч повеќе, но не погодија до крајот на мечот.

Вечерва се игра последниот меч од 32. коло меѓу Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести