Ден за убави спомени во Милано – Со победа во Фиренца се прости легендата со најмногу натпревари за Милан

Денеска е убав момент во историјата на италијанскиот гигант Милан, а на 31. мај во 2009 година од фудбалската сцена си замина рекордерот кај Росонерите со 902 натпревари.

Не е тешко да се погоди, се работи за легендата Паоло Малдини, кој се прости од бубамарата со победа во Фиренца против Фиорентина.

Милан славеше со 2:0, а дефанзивецот со најмногу натпревари во „црвено-црниот“ дрес ги заслужи овациите и од домашните и од гостинските навивачи.

Паоло е и еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Милан со неверојатни 25 пехари. Има пет трофеи во Лигата на шампионите, 7 во Серија А, една во купот на Италија, четири во Суперкупот на Италија и уште дузина трофеи во кариерата што ја мина во само еден клуб, во Милан.

Моментно Малдини е се уште технички директор на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести