Денес е посебен ден за Клоп – пред точно 20 години прв пат беше тренер

На 28 февруари 2001 година, своето деби како тренер го имаше Јирген Клоп. Пред точно 20 години Клоп седна на клупата на Мајнц во дуелот против Дуизбург во Втората Бундеслигата. Мајнц победи со 1:0, што значи дека Клоп триумфално ја започна кариерата која денеска одбележува точно две децении.

Како тренер на Мајнц, Клоп успеа да го одведе тимот до пласман во Бундеслигата, за прв пат во клупската историја. Тоа се случи во 2004 година. Мајнц една сезона успеа да се пласира и во Купот на УЕФА, но потоа не ог издржа притисокот во првенството и повторно испадна во Цвајте.

Во 20-годишната тренерска кариера, Клоп освен на клупата на Мајнц, седнал само уште на две тренерски места. Беше на чело на Борусија Дортмунд, а сега е предводник на Ливерпул. Во Борусија беше до јуни 2015 година, а од октомври 2015 година е на чело на Ливерпул, тим со кој стана европски и англиски шампион.

За овие 20 години како тренер, Клоп има 887 натпревари, а билансот му е 470 победи, 215 порази и 202 нерешени средби. Гол разликата му е 1718 дадени и 1043 примени голови. Во трите тима во кои работел има освоено вкупно 1612 бодови или во просек 1.82 бодови по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести