Денес обложете се на тенис: играат Хачанов, Цонга, Вавринка…

Филип Колшрајбер – Карен Хачанов (17:30ч – АТП Москва, 1/8 финале)

Хачанов денес го започнува походот во одбрана на титулата во Москва, а прв предизвик му е германскиот тенисер Филип Колшрајбер, против кого има негативен меѓусебен учинок. Публиката ќе бара од домаќинот сигурен старт на турнирот, односно да ја оправда фаворитската улога.

Кошлрајбер веќе се загреа на руското тло со триумф од 2-0 над Хербер во првото коло, а воедно Германецот е во солидна форма бидејќи има четири победи на последните пет меча, загуби само од Суса во Фиренца пред околу две недели. Против Хачанов, Колшрајбер има добар учинок во вкупно четирите меѓусебни средби, три од нив ги добил во низа, а загуби пред две години на турнир во Австрија.

Од тие четири средби, две завршиле по три сета, во кои победникот се одлучувал по голем број одиграни гемови. Така сакаме да биде и денес, а во возбудливата пресметка да слави Хачанов.

Предлог тип: 2 & >22,5 гемови (2.55)

 

Жил Симон – Жо-Вилфред Цонга (18:30ч – АТП Антверп, 1/8 финале)

Француска пресметка на белгиско тло во второто коло од турнирот во Антверп. Искусниот Цонга е фаворит против сонародникот Симон, а во меѓусебниот 14-ти дуел ќе треба да ја оствари 10-тата победа против 47-мо рангираниот тенисер. За првпат ќе ги одмерат силите на овој турнир, а се очекува овој дуел да биде интересен како и претходните 13.

Цонга и Симон последен пат се сретнаа во февруари годинава во Монпелје, Цонга славеше со лесни 2-0. Иако се очекува поголем отпор на Симон, Цонга често ги добива првите сетови со мал број гемови, па нека биде така и денес.

Предлог тип:  1 сет <9,5 гемови (2.20)

 

Стен Вавринка – Фелицијано Лопес (20ч – АТП Антверп, 1/8 финале)

Победникот од овој дуел во следното коло ќе се сретне со погоре споменатиот пар, па ако се гледа според коефициентите, тогаш на Вавринка му е на повидок дуел против Цонга. Но, фаворитска улога на хартија може ништо да не значи, а Швајцарецот знае дека треба да биде претпазлив бидејќи во кариерата загубил пет од вкупно девет средби против Лопес.

Но, на Вавринка му одговара тврдата подлога кога игра против Шпанецот, па затоа и се очекува негов триумф вечерва. Освојувачот на три од вкупно четири Гренд слема за првпат ќе игра по поразот од Медведев на ОП на САД, што значи дека не бил во натпреварувачки погон повеќе од еден месец, додека Лопес вчера се загреваше против Нори во меч кој заврши по два сета.

Предлог тип: Нема тај-брејк (2.05)

 

Централ Кордоба – Естудијантес (20:35ч – Куп на Аргентина, 1/4 финале)

Естудијантес некако се протна до фазата топ 8 во аргентинскиот куп, а вечерва повторно на непријателски терен ќе треба да се избори за пласман понатаму. Екипата на Кордоба се покажа како непријатен противник во аргентиското првенство откако влезе во елитата, а сега за првпат има шанса да ги одмери силите со шесткратниот првак.

И двете екипи не се во посакувана форма во пресрет на овој натпревар, но Кордоба во изминатите два меча воспостави победнички ритам во низа. Тимот на Естудијантес е речиси очаен, пеналите им донесоа радост против Спортиво за пласман во четврт-финалето, додека во последните шест кола од аргентинската Премиер лига имаат само една победа, и тоа минимална против Патронато.

Естудијантес исто така се мачи со реализација, во вкупно 10 меча постигнаа само седум гола, проблем кој треба што побрзо да се реши доколку посакуваат успех во ова натпреварување.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.70)

 

Фуенлабрада  – Сарагоса (21ч – Ла Лига2, шесто коло)

Двете екипи држат позиции кои им носат разигрувања за влез во шпанската елита, но рано е да се размислува за тоа бидејќи досега одиграа дури 10 меча во шампионатот. Ова е презакажан меч од шестото коло, а во зависност од исходот, може да има промени на местата од 2 до 6.

Сарагоса е трета со еднаков број бодови како и Алмерија (19), додека Фуенлабрада има два помалку. Иако некогашниот прволигаш тргна одлично на стартот, пред победата над Нумансија во претходното коло нанижа три ремија и пораз. Фуенлабрада веќе извесно време не може да нареди неколку добри резултати во низа, ефикасноста им е најголем проблем. Двете екипи имаат подеднакво шанси за триумф, а ние сепак ќе типуваме дека ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.05)

Квоти на денот во обложувалниците на Sport life се:

Алуминиј – Копер T1 1+I & Т1 2+ (2.15)

Симон – Цонга 2 & >22.50г. (2.60)

Фуенлабрада  – Сарагоса X2 & 2-4 (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести