Денес сè е во знакот на Македонија, па дури и Квотите на денот

Македонија ги предводи денешните Квоти на денот кои носат вкупен коефициент од 9.2.

Во изборот од понудените три меча, први Рисовите ќе ја израдуваат домашната публика, која се враќа на трибините по повеќе од една година, и може да се каже дека никој не ги гледа Словенците како победници во оваа контролка. Победа за тимот на Ангеловски или евентуално реми врзано со најмалку два гола носи квота рамно 2.

Полска и Русија исто така треба да одиграат ефикасна контролка во Вроцлав, во која се очекуваат најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња за идентична квота 2.

Од Сундсвал и Јонкопингс се очекува да ги тресат мрежите најмалку по еднаш во кое било од полувремињата за квота 2.30.

- Оглас -

Најнови вести