Денешната ждрепка во Лигата на шампиони ќе биде историска

Шест поранешни европски прваци и два клуба кои сонуваат да се најдат на тронот на фудбалска Европа, денеска на пладне ќе ја чекаат разврската од ждрепката во Лигата на шампиони. Во Нион ќе бидат познати четвртфиналните парови, а нема ниту еден фаворизиран тим. Секој може да се падне против секого.

Ајакс, Порто, Манчестер јунајтед, Јувентус, Ливерпул и Барселона се клубови кои во своите витрини најмалку по двапати го имаат освојувано најзначајниот трофеј во фудбалска Европа. Манчестер сити и Тотенхем се двата англиски премиерлигаши кои не играле ниту во финале на ЛШ.

Денешната ждрепка во Нион ќе биде историска поради фактот што освен двојките за четвртфиналето, ќе бидат познати и можните ривали во полуфиналето. Веднаш ќе се знае „костурот“ и ако еден тим го помине четвртфиналето, ќе знае кои им се можни ривали за полуфиналната пресметка. Претходно досега ждрепката за полуфиналето секогаш била посебна од таа за четвртфиналните парови.

Освен ждпреката за ЛШ, денеска ќе се знаат и четвртфиналните двојки во Лигата на Европа. Во оваа фаза поминаа Арсенал, Бенфика, Челзи, Ајнтрахт, Наполи, Славија, Валенсија и Вилјареал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести