Денеска ќе нема тикет без сигурна победа на Ливерпул

1009 ВБА – Ливерпул (17:30ч)

Ливерпул не смее да ја пропушти шансата да дојде на само бод заостаток зад четвртопласираниот Челзи и во последните две кола да се надева на пласман во Лигата на шампионите.

Против испаднатиот ВБА, тимот на Клоп треба да обезбеди сигурна победа која ќе се најави уште во првото полувреме доколку гостите го повторат изданието од големиот триумф над Манчестер јунајтед.

Не треба да заплашува фактот што Ливерпул оствари само еден триумф на последните пет гостувања кај ВБА од кои четири завршија со реми. Домаќините ќе играат само за свој образ, меѓутоа лошата форма во која веќе пет кола не знаат за победа, ќе се покаже како поголем непријател од ланскиот првак.

Предлог тип: 2-2 (1.73)

1710 Лил – Сент Етјен (21ч)

Лил ја има судбината во свои раце и доколку вечерва слави во дуелот против Сент Етјен, во последното коло ќе биде потребен само еден бод за Данските доги да бидат нови шампиони на Франција.

Поволен резултат во корист на Лил се очекува со оглед на тоа дека како домаќин од 1993 година нема претрпено пораз од Сент Етјен во мечеви од прволигашки рамки. Иако како гости се поефикасни, Данските доги на домашен терен имаат просек од речиси два гола и нема причина да не ја оправдаат фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.98)

 

3682 Милан – Калјари (20:45ч)

Милан во претходните три кола постигна 12, а не прими ниту еден гол, па во обидот да се завери пласманот во Лигата на шампионите, се очекува ефикасно издание на Росонерите.

Пиоли не може да смета на најдобриот стрелец на екипата Златан Ибрахимовиќ, но и без него Калјари ќе биде совладан со оглед на тоа дека Милан брои 15 последователни победи како домаќин над оваа екипа.

И вкупниот меѓусебен биланс е во корист на Милан, само еднаш ремизираше во последните пет средби, додека четири победи во низа ги оствари со чиста мрежа.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.08)

 

1809 Лајпциг – Волфсбург (20:30ч)

Лајпциг си обезбеди европска есен на која се надева и Волфсбург, меѓутоа Црвените бикови не сакаат да си го загрозат второто место ако се знае дека евентуален триумф на Волците ќе ја намали бодовната разлика на само еден бод во пресрет на последното коло.

За Лајпциг ова е последен меч на домашен терен за оваа сезона и сигурно ќе сака со победа да се „отпише“, па така Волфсбург во последното коло ќе треба да го бара пласманот во Лигата на шампионите.

Во последните пет меѓусебни дуели само во лигашки рамки, двете екипи имаат по еден триумф, а потоа врзаа три ремија со 2-2, 1-1 и едно без голови.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

1352 Вилјареал – Севилја (18:30ч)

Додека Вилјареал го чека финалето во ЛЕ во кое евентуална победа покрај титулата носи и пласман во Лигата на шампионите, ќе сака да си го завери местото во второто елитно континентално натпреварување. За тоа ќе треба да падне Севилја на „Керамика“ стадионот, која пак покажа дека има квалитет да се бори за самиот врв во Шпанија.

Андалузијците посакуваат да го растурат распоредот на големата тројка во Ла Лига, па затоа и тие ќе атакуваат на три бода, а тоа ветува ефикасен меч како што беше во претходните четири меѓусебни средби во кои просечно се постигнуваа по три гола.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести