Денеска на ЕП: Време е за ракометна класика Франција – Хрватска (Фото)

Денеска на Европското ракометно првенство се играат натпреварите од првото коло во групата 1 од главната рунда, а Sport Life има специјална понуда за два од трите меча.

Специјалната понуда на Sport Life е за дуелите Исланд – Германија и ракометната класика меѓу Франција и Хрватска.

Може да се игра која селекција прва ќе постигне гол, која прва ќе дојде до три, до пет, до седум и до десет гола. Потоа кој ќе го изведе првиот седмерец, колку седмерци ќе има на натпреварите, колку исклучувања, како и која селекција ќе го постигне последниот гол.

Во изминатите две децении Французите и Хрватите одиграа неколку фантастични мечеви кои прераснаа во големо ривалство. Французите предводени од Никола Карабатиќ најчесто во завршницата на големите натпреварувања играа против Хрватите кои беа предводени од Ивано Балиќ како најголема ѕвезда и најчесто излегуваа како победници. Најпознат е нивниот дуел од финалето на СП 2009 година кое се одржа во Хрватска и на кое Македонија по една деценија се врати на големите натпреварувања. На крајот Французите победија со 24:19.

Французите во првата рунда одиграа три меча и славеа на два, Македонија (39:29) и против Германија (33:30) и ремизираа со Швајцарија (26:26) и се наметнаа како главни конкуренти на Данска и Шведска за титулата.

Хрватите на стартот на ЕП ја декласираа Шпанија (39:29), ремизираа со Австрија (28:28), а првото место во својата група го потврдија со триумфот над Романија од 31:25.
Денеска квотите се на страната на Франција (1.30), но Хрватите имаат свои адути и не смеат да се отпишат.

Возбудливо се очекува да биде и на дуелот меѓу домаќинот Германија и Исланд. Германците во главната фаза тргнуваат без бодови и вечерва победата им е императив доколку сакаат да ги задржат шансите за освојување на едно од првите две места кои водат во полуфиналето.

Програмата денеска започнува со соседската пресметка меѓу Унгарија и Австрија. Унгарците пренесоа два бода во главната фаза, додека Австрија еден, а квотите ја фаворизираат Унгарија.

Во богата понуда на Sport Life за ракометното Европско првенство има и 24-ца ракометари за играта „плус-минус“ на голови.

- Оглас -

Најнови вести