Денеска на Вимблдон ќе навиваат Јелена, Камил, Келси, Тамара…

Очите на љубителите на тенисот се свртени кон гренд слемот Вимблдон. Најдобрите тенисери и тенисерки се борат за престижниот трофеј, а најверни следбеници и навивачи на некои од најдобрите тенисери на светот се нивните девојки и сопруги. Дел од тие жени ќе бидат присутни и денеска на трибините во Лондон.

Милош Раониќ игра со Робин Хасе, а девојка на Канаѓанецот со црногорско потекло е Камил Рингоар, која има белгиско потекло.

Јелена, сопругата на Новак Ѓоковиќ, сите ја знаат и таа е редовен посетител на мечевите на светскиот рекет број 1. Денеска Ноле игра со Денис Кудла.

Келси О`Нил е сопругата на Кевин Андерсон, а ги спои спортот (Келси играла голф) додека беа заедно на студирање во САД. Андерсон во второто коло игра со Јанко Типсаревиќ.

Убава девојка има и Беноа Пар. Французинот денеска има дуел со Миомир Кецмановиќ, а најверен фан од трибините ќе му биде Тамара Март, која е пејачка позната под уметничкото име Шај ем.

- Оглас -

Најнови вести