Строг на терен и разигран како Ди-џеј – Дениз Ајтекин одлично суди и уште подобро се забавува (Видео)

Еден од најдобрите фудбаслки судии во Европа, Дениз Ајтекин се покажа во едно малку поинакво светло од строгиот арбитар што го познаваме од терените во Бундеслигата, но и на најголемите клупски и репрезентативни натпреварувања.

Ајтекин се појави во малку поинаква и сосема неочекувана улога на Ди-џеј на Тропикал бич фестивал.

Бизнис менаџерот по вокација и еден од најдобрите судии со знакот на ФИФА и во елитната група на арбитри на УЕФА одлично се забавуваше, но и ја забавуваше публиката која пристигна во огромен број на фестивалот.

Погледнете како Ајтекин се снаоѓа како Ди-џеј.

- Оглас -

Најнови вести