Денот кога Сер Алекс Фергусон призна дека не е срамота да се загуби од најдобриот тим

Сер Алекс Фергусон е најтрофејниот тренер во фудбалот. Тоа е човекот кој успеа од Манчестер да направи гигант во светски рамки и да ги освои сите најзначајни трофеи со Црвените ѓаволи. Во времето кога Манчестер јунајтед беше доминантен на теренот, сепак имаше клуб кој се покажа како кобен за Англичаните.

Барселона предводена од Пеп Гвардиола на клупата и Лионел Меси двапати во три сезони го победуваа Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на шампиони. Црвените ѓаволи прво мораа да капитулираат во 2009 година, а на 28 мај 2011 година на финалето на „Вембли“ повторно се случи Барселона да слави против Манчестер јунајтед.

Педро, Меси и Вилја погодуваа за Барселона, а Руни го даде почесниот гол за Манчестер, по што каталонскиот гигант повторно се искачи на тронот на Европа. По завршување на финалето, менаџерот на гигантот од „Олд Трафорд“, Сер Алекс Фергусон, го призна поразот и изјави дека Барселона е најдобриот тим во светот.

„Никогаш не сум играл против подобар противник. Никој не ни задал мака како Барселона и затоа не е срамота да се загуби од нив. Во ниту еден момент не успеавме да го сопреме Меси“, рече Фергусон по тоа финале што се играше на денешен ден точно пред девет години.

- Оглас -

Најнови вести