Денот кога Сер Алекс за последен пат се појави на „Олд Трафорд“ како менаџер на Јунајтед (видео)

За успехот на Манчестер јунајтед во изминатите неколку децении дефинитно најголема заслуга има легендарниот Сер Алекс Фергусон. Стартегот кој во кариерата освои 37 трофеи со Црвените ѓаволи и од нив направи рекордери по бројот на титули во Премиер лигата, на овој ден точно пред седум години за последен пат се појави на „Олд Трафорд“ како менаџер на Јунајтед.

Во претпоследниот натпревар од сезоната 2012/13, Манчестер јунајтед го дочека тимот на Свонси, на којшто прво се одржа церемонија во чест на Сер Алекс, а потоа неговите избраници го наградија со победа од 2-1 и веќе освоената 20-та титула во англискиот шампионат. Преполниот „Театар на соништата“ плачеше при разделбата со трофејниот менаџер, а оттогаш веќе ништо не е исто.

Таа година Јунајтед за последен пат застана на тронот на Англија, а по ерата на Фергусон екипата освои само три трофеи, по еден во Лигата на Европа, ФА купот и англискиот Лига куп.

https://twitter.com/TheFergusonCode/status/1260130976006582272

- Оглас -

Најнови вести