Денот кога светот првпат ја виде генијалноста на Меси (видео)

Лионел Меси посебно го памети 18 април, денот кога за првпат ја претстави својата генијалност на светот во полн сјај. Пред точно 13 години, Аргентинецот го постигна незаборавниот погодок против Хетафе во победата на Барселона од 5-2 во Купот на Кралот.

Меси прими додавање од Чави на средината од теренот, па помина петмина играчи на Хетафе и лесно го насамари и голманот, па слаломот го заврши во рутинска егзекуција во негов стил. Имаше само 19 години кога целиот „Камп ноу“ му се поклони.

- Оглас -

Најнови вести