Селекторот на Аргентина признава: За сите одлуки се консултирам со Меси

Аргентинската фудбалска репрезентација како актуелен светски првак го очекува стартот на Мундијалот кој започнува за помалку од една недела. Главниот херој од турнирот кој се играше пред четири години во Катар беше Лионел Меси, кој го испони животниот сон да биде на планетарниот трон.

Селекторот на Гаучосите, Лионел Скалони, призна дека секогаш се консултира со суперѕвездата Меси за тоа што се случува во тимот.

„Никој не е среќен кога е заменет. Меси исто така. Јас не донесувам никаква одлука без да разговарам со Меси. Нема смисла да се каже дека јас сум единствениот што донесува одлуки тука. Секогаш ги дискутираме одлуките што ги носиме заедно со Меси. Го прашувам за неговото мислење, како се чувствува и се обидуваме да донесеме заедничка одлука. Токму така треба да биде, бидејќи дури и ако се соочува со тешкотии на теренот, тој сепак ни носи огромни придобивки. Подобро е да го имаме на теренот бидејќи е способен да создава шанси за гол“, изјави Скалони за шпанскиот весник „Марка“.

Шампионите на СП 2022 сега се во група со Алжир, Австрија и Јордан. Првиот натпревар на овој Мундија Гаучосите ќе го играат на 17 јуни против Алжир во Канзас.

- Оглас -

Најнови вести