Денот кога трагично си замина Мамбата – Спортскиот свет тагува, мина една година од смртта на Коби Брајант

Точно една година мина од трагичната смрт на Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиџи и уште 7 патници, вклучувајќи го и пилотот на хеликоптерот што на 26 јануари 2020 година се урна во Калабасас, Калифорнија.

Спортскиот свет и особено кошаркарското семејство не ја заборавија трагичната несреќа и легендарната Мамба, Коби Брајант.

„Легендите не умираат. Коби ќе остане да живее во нашите спомени“, изјави Леброн Џејмс ноќеска, по мечот меѓу Кливленд кавалирс и Лос Анџелес лејкерс.

Коби патуваше со ќерката Џиџи, со дел од семејството Алтобели и со Кристина Маузер кон Таузенд Оукс, Калифорнија, на меч што требаше да го игра 13-годишната Џиџи.

За жал, со нив двајцата на последната животна дестинација не стигнаа и бејзбол-тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиша, заедно со женскиот асистент-тренер Маузер,пилотот и уште двајца во вкупниот екипаж од деветмина луѓе.

Несреќата се случи малку пред 10 часот по локално време и, за жал, немаше преживеани по падот на хеликоптерот.

Брајант играше 20 години за Лос Анџелес, неговиот единствен НБА-клуб, и остави траен белег во светската кошарка. Петпати беше шампион на НБА, а се прости од кошарката во 2016 година.

Двапати беше МВП на финалињата во најсилната кошаркарска лига, еднаш во 2008 година и најкорисен играч во сезоната, 18 пати играше на Олстар-натпреварите и ги има сите можни признанија.

Со репрезентацијата на САД двапати беше олимписки првак и еднаш и светски шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести