Три меча на кои, интересно, гостите се во фаворитска улога, барем ако се гледаат коефициентите, се дел од ноќната понуда во НБА-плејофот. Минесота направи едно изненадување и го победи Денвер на гости за 1:1 во победи, па сега игра пред своите навивачи. Тоа значи дека Денвер предводен од Никола Јокиќ ќе брка враќање на брејкот, а со тоа и предноста на домашниот терен.
Со 1:1 во победи продолжува и пресметката меѓу Атланта и Њујорк. Кога играат овие ривали, многу често победникот се решава во завршните моменти, па така беше и пред неколку дек,а кога Атланта на гости славеше минимално со 107:106. Дури коефициент 16 е да биде нерешено по 48 минути игра.
Кливленд води со 2:0 против Торонто и сега игра на теренот на ривалот, но повторно е фаворит за победа.

Во понудата за плус-минус поени на играчите има над 30-мина кошаркари. Никола Јокиќ треба да даде 30+ поени за да биде во „плус“, а Мареј е на граница од 25,5 поени.


