Денвер ја продолжи доминацијата над Оклахома, дербито на Истокот за Торонто

Денвер нагетс и петти пат во низа славеше над Оклахома со 121:112 во дербито на вечерта на Западот. Никола Јокиќ во ново МВП-издание ги предводеше Нагетси до петтата последователна победа, а ниту комбинираните 47 поени на Вестбрук и Џорџ не може да го спасат тимот од Оклахома од 22-от овосезонски пораз.

Домаќините многу малку му дозволија на противникот да ја контролира средбата, Тандерс во последната четвртина надополнија -18 негатива и за момент водеа при резултат од 97:100, но кошаркарите на Денвер влегоа во серија од 8-1, па до крајот ја зачуваа предноста.

Јокиќ заврши со 36 поени, 10 асистенции, а му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок, Бартон застана на 23, Мари реализираше 20 поени. Пол Џорџ беше најефикасен кај поразените со 25 поени и осум скока, Вестбрук за една асистенција не оствари трипл-дабл учинок, а заврши со 24 поени и 14 скока.

 

Торонто репторс го растури тимот на Бостон во источната дерби-пресметка со 118:95. Канадската франшиза им се врати на победите откако Орландо во претходниот меч им ја прекина серијата од седум победи, па ги начекаа Селтикси, чии лидери ноќеска тотално потфрлија.

Двоецот Сијакам – Ленард ја предводеше домашната екипа, крилниот центар на Репторс беше и најефикасен играч на средбата со 25 поени, Ленард додае 21, додека очајно беше изданието на Ирвинг (седум поени), Хорфорд (осум поени) и Хејворд (девет поени), од кого најмногу се очекува.

https://www.youtube.com/watch?v=r3Cu5nkdqPA

 

Њујорк никс ја запиша втората последователна победа на домашен терен совладувајќи го тимот на Орландо меџик со 108:103. Тимската игра на Никси се покажа како вистински рецепт за победа, па ниту одличните Вучевиќ и Гордон (по 26 поени) не можеа да спречат 34-ти пораз на својата екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести