Денвер со стил ќе се врати на победничките патеки

8385 Денвер нагетс – Хјустон рокетс (03:00 часот)

Домаќините на последната своја средба пред своите навивачи претрпеа катастрофален пораз од Оклахома сити тандер и сега посакуваат враќање на победничките патеки.

Денвер не греши двапати по ред на домашен терен, а Хјустон се наоѓа во катастрофална форма.

На тимот на Никола Јокиќ му е потребна победа за да остане меѓу првите шест екипи на Западот со цел директно да оди во плејофот, односно да не игра некакви дополнителни разигрувања, додека Хјустон e на самото дно во оваа конференција и практично не игра за ништо.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -15.5 (2.06)

 

8388 Чикаго булс – Милвоки бакс (01:30 часот)

Во богатата вечер со деввет натпревари од НБА-лигата, ова е средбата која е меѓу најинтересните, ако не и најинтересна.

Чикаго игра фантастично сезонава и се издвојува како еден од фаворитите од заднина за титулата, а најдобар начин за такво нешто би била победа над актуелниот првак, Милвоки. Во секој случај, не очекува спектакуларна кошарка со голем број поени.

Предлог тип: >240.5 (1.94)

 

8392 Феникс санс – Њујорк никс (04:00 часот)

Феникс игра одлично и во оваа сезона, но на средбата против Њујорк ќе ги нема најдобрите двајца играчи, Крис Пол и Девин Букер.

Од друга страна, за гостите нема да настапи Дерек Роуз, кој во оваа сезона повеќе е повреден отколку што игра, па затоа и може да се очекува мало изненадување и победа на Њујорк.

Сепак, Феникс не е тој истиот без Букер и Пол, кои се лидери во тимот, а со оглед на тоа дека гостите играат квалитетна одбрана, се очекува мал број поени.

Предлог тип: <222.5 (1.91)

 

8390 Торонто репторс – Орландо меџик (01:30 часот)

Фред ван Флит е под знак прашалник за Торонто, но овој тим и без негово присуство на теренот не би требало да има проблем против Орландо.

Гостите се на последното место на Истокот, додека тимот од „Ер Канада“ е седмопласиран и се бори за директен влез во плејофот, па затоа на оваа средба ќе мора да одигра без никакви калкулации, макар и без нивниот најдобар кошаркар.

Предлог: 1 со хендикеп, -8.5 (1.90)

 

8383 Филаделфија 76-ерс – Кливленд кавалирс (01:00 часот)

Во последниот ден од преодниот рок, работите во Филаделфија нагло се сменија на подобро. Бунтовникот Бен Симонс го напушти тимот, а дојде Џејмс Харден.

Атмосферата нагло се промени, а тоа се гледа и по резултатите. Филаделфија има четири победи по ред и е на второто место на Истокот, а навивачите се надеваат дека „процесот“ на овој тим конечно ќе даде резултат и ќе се стигне далеку до плејофот.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -7.5 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести