Ѕвездата на Барселона и член на холандската репрезентација, Мемфис Депај беше во посета на Гана, каде го посети и претседателот на земјата Нану Акуфо-Адо. Депај му подари дрес на претседателот, а потоа беше дел од хуманитарната мисија која е дел од неговата фондација, за помош на глувите и слепи деца.
Депај се дружеше до децата, а потоа на терен на кој многу големи ѕвезди не би сакале да играат, заигра фудбал. Покрај Депај, на теренот беа и Квинси Промес, младиот напаѓач на Ливерпул, Рајан Бревстер, како и легендарниот холандски репрезентативец Едгар Давидс.