Дерби дела Мадонина заврши на скандалозен начин, со инциденти и три црвени картони (Видео)

Миланското дерби помеѓу Милан и Интер, кое им припадна на „сино-црните“ со 1-2, што значеше и 20-та титула во историјата за Интер, заврши на скандалозен начин и со три црвени картони.

Најпрво во 93-тата минута во клинч влегоа Тео Ернандес и Дензел Дамфрис, а им се приклучија и останатите фудбалери на двете екипи, по што инцијаторите заработија директни исклучувања.

Пред последниот свиреж на судијата, во 97-мата минута, екипата на Милан требаше да изведе корнер, па во шеснаесетникот на Интер се најдоа сите фудбалери на Милан, дури и голманот Мањан, а во мешаницата Давиде Калабрија удри противнички фудбалер со лакт и повторно настана мешаница, по која капитенот на „црвено-црните“ беше исклучен.

- Оглас -

Најнови вести