Типувањето за новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, се одвива засилено. Нови 13 натпревари се предизвик за типувачите, а неколку дуели од претстојниот викенд го привлекуваат вниманието.
Првиот натпревар од Спортската прогноза започнува во сабота, во 14 часот, а дотогаш ќе можете да ги пополнувате вашите бесплатни типови и да очекувате богати подароци.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Што е она што нѐ очекува претстојниот викенд, а е дел и од бесплатната Спортска прогноза. Дербито од Бундеслигата меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен се игра в сабота, а во недела нѐ очекуваат уште два многу интересни меча.
Во Ла Лига се игра мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико, а во Премиер лигата ќе има пресметка меѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Во петтото коло на Спортската прогноза најмногу натпревари се од англиската Премиер лига, дури четири, по три меча има од германската Бундеслига и италијанската Серија А, два натпревари се од шпанската Ла Лига, додека еден дуел е од француското првенство.