Дерби-мечевите во топ-5 лигите се голем предизвик на Спортска прогноза

Трите големи дерби-мечеви во топ-5 лигите во Европа се вистински предизвик за прогнозерите во новото, 10-то коло на Спортска прогноза што е во тек.

Време за да типувате или да се приклучите на нашата игра што привлекува големо внимание има уште, а „дедлајн“ е 15.30 часот во сабота, кога ќе почне првиот меч од ова коло меѓу Падерборн и Аугсбург. Тоа е битка на две екипи што се во долниот дел од табелата во Бундеслигата, а потоа следуваат трите дерби-дуели во Англија, Германија и Франција.

Ливерпул го чека на мегдан Манчестер сити во дерби-меч на полусезоната во Премиер лигата. Двете екипи доминираат во последните две сезони, а лани битката за титулата беше до последен здив, со хепиенд за Сити.

Сега сликата малку е изменета, па актуелниот европски првак Ливерпул е на врвот на табелата со шест бода предност пред најголемиот ривал во Премиер лигата. Црвените од „Енфилд роуд“ сè уште се непоразени на 11 меча, а ќе биде интересно за типување бидејќи и шампионот на Англија, Манчестер сити, влезе во победнички ритам и нанижа три успеси по ред.

Тој меч ќе се игра во недела, од 17.30 часот, а дотогаш имате шанса со 9 погодени двојки да бидете во игра за премијата IPhone XS, што секое коло му се доделува на прогнозерот со перфектен скор и 13 погодени двојки.

Како загревање за најинтересниот меч во викендот што е пред нас ќе биде уште едно интересно дерби, но овојпат во Германија. Баерн со привремен тренер на клупата ќе ѝ биде домаќин на Борусија Дортмунд, во меч на две екипи што бијат возбудливи битки за титулата во Германија во последните години.

Баерн е поуспешен, но сега Борусија има зрела шанса за победа поради хаосот што им се случува на Баварците.
Не треба да се заборави дека Баерн има две супер победи против Милионерите од 6:0 и 5:0 на двата последни меча што овие две екипи ги одиграа во Минхен. Одлуката што да се типува изгледа тешка, но на мака се познаваат јунаците, па очекуваме интересна битка за наградите во десеттото коло на Спортска прогноза.

Клучот за успешен поход кон „ајфонот“ може да биде и француското дерби меѓу Марсеј и Лион. Ќе се игра во недела, од 21 часот, па ако се прегрми тој меч, што е 12-ти на распоред во ова коло на Спортска прогноза, тогаш за премијата која ја доделува Sport Life ќе ви треба точна прогноза уште на понеделничкиот меч меѓу Карлсруе и Ауе во популарната германска Цвајта.

Не ги заборавајте и двете резервни двојки и дуелите меѓу Валенсија и Гранада, односно Бетис и Севилја, бидејќи точните прогнози носат поени кои се сметаа во битката за Генералниот пласман.

И таму има убави награди, а шампионот ќе добие Смарт телевизор од 48 инчи. Затоа прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте топ-награди од Sport Life во копродукција со нашиот портал Спорт Манија.

 

- Оглас -

Најнови вести