Дербито Јувентус – Лацио на 20 јули ќе се игра со публика

Јувентус и Лацио својата битка за тронот во Серија А можеби ќе ја водат со публика на трибините на „Алијанц“ во Торино. Мечот помеѓу моментно двете водечки екипи во Италија е закажан за 20 јули, во необично доцен термин 21.45 часот и плус станува збор за работен ден (понеделник).

Иако сите најави беа дека од здравствени причини нема да се дозволи присуство на публика до крајот на сезонава, во италијанската влада почнаа полека да се појавуваат идеи за делумно отворање на стадионите. Потсекретарката во Министерството за здравје, Сандра Ѕампа, рече дека навивачите ќе може да влезат на стадион кога стандардите ќе се исполнат 100 процентно и дека вирусот слабее, но не смее да има опуштање.

„Би сакала дебријата како Јувентус – Лацио да се играат пред делумно полни трибини. Тоа ќе зависи од епидемиолошиата крива и од министерот за спорт, Спафадора“, рече Ѕампа.

 

- Оглас -

Најнови вести