Дерби на 10-тото коло од Спортска прогноза е дуелот меѓу европскиот и светскиот првак

Португалија е домаќин на Франција во можеби најпривлечниот меч кој викендов ќе се игра во рамките од Лигата на нациите. Во една таква ситуација, нормално е тоа да биде еден од 13-те дуели кои се на „менито“ за прогнозирање во 10-тото коло на Спортска прогноза на Sport Life.

Повеќе од 1.500 прогнозери досега го имаат дадено своето мислење, а интересно е што речиси половина очекуваа да биде нерешено на дуелот меѓу актуелниот европски првак против светскиот фудбалски владетел. Секако, освен овој меч, има уште 12 други натпревари на национални селекции, меѓу кои е и дуелот Македонија – Естонија. Тоа е и најсигурниот „кец“, па над 95 отсто очекуваат победа на нашата репрезентација.

За Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 фикса, добивате подарок мобилен телефон „ајфон 11“. Со една промашена следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека 11-ка нуди вредносен ваучер од 500 денари.

Спортска прогноза е бесплатна игра и потребно е само да сте дел до Sport Life клубот, па да имате можност да освоите некој од вредните подароци.

- Оглас -

Најнови вести