Дербито на двата последни англиски шампиони предводи во новото коло на Спортска прогноза

Новото 22-ро коло на Спортска прогноза стартува од 14 часот, новите 13 пара се нова шанса да се освои премијата „ајфон 11“.

Со посебно внимание треба да се анализира дербито меѓу двата последни англиски шампиони пред да се стави конечна прогноза, Ливерпул и Манчестер сити, кое е закажано за ударниот термин во недела, од 17:30 часот.

Фактот што само еден од 13-те пара се издвојува како дерби, можеби ќе го олесни патот до посакуваниот главен подарок, но и до утешните подароци од 1.000, односно 500 денари ваучери во Sport Life.

Инаку, новото коло ќе биде достапно за прогнозирање до сабота до 13:30 часот, односно пред почетокот на првиот пар Астон вила – Арсенал.

Колото ќе се комплетира во понеделник навечер со дуелот Лидс јунајтед – Кристал палас, додека резервните дуели се Мајнц – Унион Берлин и Парма – Болоња, кои влегуваат во збирот во Генералниот пласман, каде што за најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи по крајот на сезоната.

Затоа вклучете се уште денес во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести