Дербито на Ларнака во знакот на Тричковски – Македонецот со голови го води АЕК во Европа

Иван Тричковски постигна победнички гол за АЕК во дербито на Ларнака против Анортозис и веќе е прв стрелец во плејофот на Кипар и го води својот тим кон Европа.

Клупската икона на АЕК Ларнака погоди од пенал во 84-тата минута за победа во градското дерби од 1:0 и му овозможи на својот тим да се пробие до третото место, што води во Лигата на Европа.

Тричковски е и прв стрелец во плејофот со 4 гола и е еден од најзаслужните што АЕК е на прагот на настап во европските купови.

Анортозис изворно е од Фамагуста, но мораше принудно да се исели од градот по инвазијата на Турција во 1974 година и веќе половина век играат во Ларнака.

АЕК на две кола до крајот на плејофот има 46 бода, еден повеќе од Арис, два од Анортозис и четири од Пафос, па има големи шанси да се избори за настап во еврокуповите.

 

- Оглас -

Најнови вести